mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Започнува реконструкцијата на улицата “Стефан Јакимов Дедов“ во Буњаковец

  • 8 октомври 2018
  • Број на прегледи: 125
  • 0 Коментари

Општина Центар започнува со целосно реконструирање на улицата “Стефан Јакимов Дедов“, во близина на основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“, зад трговскиот центар “Буњаковец“.

На улицата ќе се постави нова атмосферска канализација во должина од 80 метри и целосно ќе се замени стариот, оштетен и нефункционален долен строј. Заменет е и асфалтот со нов, со површина од 676 м и поставени се нови рабници од двете страни на тротоарот, со вкупна должина од 150 метри.

Со оваа реконструкција, се решаваат проблемите со инфраструктурата на граѓаните кои живеат во овој дел на Центар.  Воедно, со сервисирањето на улицата ќе се зголеми степенот на безбедност на пешаците и учениците кои посетуваат настава во “Ј.Х. Песталоци“, како и на останатите учесници во сообраќајот.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
2.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.