mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Отворени просториите за јасли во градинката „Кочо Рацин“, објект „Багремар“

  • 3 октомври 2018
  • Број на прегледи: 105
  • 0 Коментари
Отворени просториите за јасли во градинката „Кочо Рацин“, објект „Багремар“

По цели 4 години, општина Центар го надмина проблемот со згрижување на најмалата група во градинката „Кочо Рацин“.

Денеска, во градинката „Кочо Рацин“, објект „Багремар“ , свечено беа отворени просториите за јасли, во која ќе бидат сместени овие дечиња.

Општина Центар направи реконструкција на паркетот,  беа поставени нови плочки и врати, нова инсталација на парното греење. Занималните  на површина од 124 м2 се адаптирани  за потребите на децата, за нивен престој и за слободните активности.

Со свечена приредба дечињата им посакаа добредојде на најмалите, а во исто време не ја криеја и радоста што градоначалникот и општината конечно најдоа решение за ова прашање.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.