mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

ЈП ПОЦ: САНИРАНИ УДАРНИТЕ ДУПКИ НА ПАРКИРАЛИШТЕТО „АУТОМАКЕДОНИЈА“

  • 3 октомври 2018
  • Број на прегледи: 32
  • 0 Коментари
ЈП ПОЦ: САНИРАНИ УДАРНИТЕ ДУПКИ НА ПАРКИРАЛИШТЕТО „АУТОМАКЕДОНИЈА“

Надлежните служби на Општина Центар денеска ги санираа ударните дупки на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“ со кое стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар и во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ паркиралиштето е целосно и темелно исчистено.

 Паркиралиштето „Аутомакедонија“ се чистеше рачно со метли и пумпи, а потоа се вршеше и машинско миење со автоцистерни.

 ЈП ПОЦ апелира до жителите да ја одржуваат чистотата и хигиената на паркиралиштето и доколку забележат несовесни граѓани кои ја уништиуваат животната средина да ги пријават во Општина Центар.

 Оваа акција се спроведува веќе еден месец и целосно се исчистени паркиралиштата „Трготекстил“, „Соборен Храм“ и „Пролет“, а во наредниот период ќе бидат исчистени сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

 

 

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.