mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Општина Центар и ЈП Комунална Хигиена на 6-ти и 7-ми октомври организираат акција за собирање кабаст отпад

  • 3 октомври 2018
  • Број на прегледи: 142
  • 0 Коментари

На 6-ти и 7-ми октомври општина Центар во соработка со ЈП “Комунална Хигиена“, организира акција за собирање кабаст отпад од домаќинствата.

Со цел подобрување на условите за живот и зачувување на здравата животна средина, своите маси, столици, шкафови, фотелји и останат отпад од мебел граѓаните ќе можат да ги остават во специјалните контејнери, поставени на следните неколку локации:

-          Населба Водно, кај Тинекс, ул. Питу Гули

-          Пред „Олимписки базен“, бул. Кочо Рацин

-          Кај кафеаната “Боеми“, зад Универзалната сала

-          Кај ООУ “Ј.Х. Песталоци“

-          Кај Урбаната заедница “Дане Крапчев“, на ул. Алберт Ајнштајн

-          На вркстување на ул. Страшо Пинџур со Ул. Пролет

-          На ул. Ѓуро Ѓоновиќ, во Маџир Маало

-          На паркинот пред хотелот ВИП во населбата Крњево

А сите оние граѓани кои имаат електричен и електронски отпад, за собирање на истиот можат да се обратат во организацијата Нула Отпад, на ЕКО ЛИНИЈА 070 236 000.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.