mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување за отстранување на градба 2.10.2018

  • 2 октомври 2018
  • Број на прегледи: 71
  • 0 Коментари

Овластен градежен инспектор на општина Центар по извршениот увид изготви решение со кое на инвеститорот  Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје, му наложува во рок од три дена да ја отстрани градбата која не е согласно прописите од Законот за градење.

Инвеститорот Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје отпочна со извршување на решението на овластениот градежен инспектор на општина Центар за отстранување на неговата градба за која не поседува решение согласно Законот за градење  и започна  со отстранување  на градбата. Инвеститорот пристапи кон отстранување на шанк со челична настрешница со димензии 5.00 м x13.00 м, челична платформа со димеензии 2.00 x5.00 м, дрвена настрешница со димензии 5.00 x 12.00 м, базен со димензии 5.00 x4.00 м, ограда со челични профили обложена со дрво со должина L=10.00 м + 6.00 м+ 1.50 м +8.00 м+25.00 м и влез од челична конструкција со димензии 2.00 x4.00 м во Градски парк.

Надлежните во општина Центар ќе извршат контролен инспекциски надзор дали инвеститорот постапува по решението издадено од овластен  градежен инспектор.

Општина Центар продолжува со внимателно следење на градбите на нејзина територија и нема да дозволи непочитување на Законот за градење и нема да толерира дивоградби.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.