mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Во Центар одржано Олдтајмер рели 2018

  • 2 октомври 2018
  • Број на прегледи: 260
  • 0 Коментари

И оваа година, АКК Примо авј и О.К. Класик под покровителство на Општина Центар  на 29 септември 2018-та ja организираа манифестација од еднодневен карактер Олдтајмер Рели Скопје 2018.

Ревијата се состоеше од два дела. Првиот дел беше изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество земаа 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата беа оценети и наградени од стручна техничка комисија.

Вториот дел беше олдтајмер релито кое за прв пат се организираше во Скопје. Стартот и целта беа пред Општина Центар, возилата се движеа по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга, а победниците беа наградени.

Дозволено беше учество на сите возила кои ги исполнуваа прописите на посебниот правилник.

 

Historic Авто Рели Скопје Центар 2018:

Класа 1 возила произведени до 1970 година

Класа 2 возила произведени од 1971 до 1984 година

 

Изложба Historic Скопје 2018:

Категорија најстаро возило

Категорија најоригинално реновирано

Категорија на кабриолет возила

Категорија на комби

Категорија на моторцикли

 

Постеноста на настанот беше огромна. Неколку илјади граѓани минуваа, се сликаа со олдтајмерите и уживаа во глетката и се надеваме на уште поуспешно Олдтајмер рели и идната година.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.