mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Комисија за еднакви можности на жените и мажите на општина Центар - Трибина за самоконтрола и превенција на рак на дојка

  • 27 септември 2018
  • Број на прегледи: 111
  • 0 Коментари

 Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Центар-Скопје, во согласност со Програмата и со Акциониот план за 2018 година, одржа трибина од областа на здравјето, односно превенција од малигни заболувања на тема „Самоконтрола и превенција на рак на дојка“, на 25.9.2018 година во Урбаната заедница „Мирче Мацан“.

Секојдневно се зголемува бројот на заболени од малигни заболувања. Мал број малигни заболувања се резултат на генетските фактори. Во денешно време најголем број малигни заболувања се последица на современиот начин на живеење (несоодветна исхрана, дебелина, физичка неактивност, пушење, стресови) и на другите влијанија на околината.

Најдобар начин за борба против малигните заболувања е примарната превенција.

Цел на трибината е да се подигне свеста кај жените за редовни лекарски прегледи за да може да се превенираат болестите што ја погодуваат женската популација.

Предавачи на трибината беа Биба Додева од НВО „Борка“ на тема  „Самоконтрола на дојките“ и проф. д-р Нино Васев, специјалист онколог од УКРО, на тема „Превенција и лекување на рак на дојка“.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.