mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Советот на општина Центар ја одржа 18-тата седница

  • 19 септември 2018
  • Број на прегледи: 211
  • 0 Коментари

Советот на општина Центар вчера ја одржа 18-тата седница. Донации и годишни програми за работа и за екскурзии на основните училишта беа најзастапени во дневниот ред.

Пред советниците, директорите на основните училишта на територија на општина Центар ги елаборираа и образложуваа програмите за работа на основните училишта за учебната 2018-2019 година, како и програмите за изведување екскурзии и други слободни активности.

Поради недостаток од средства, советниците изгласаа и прераспределба на средства во буџетот, со цел довршување на реконструкцијата на кровната конструкција и фасадата на основното училиште “Димитар Миладинов“.

Советот ја усвои и одлуката за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територија на општината без надоместок за потребите на кошаркарската школа на КК Работнички. Советот на општина Центар на децата од најранливите категории, односно деца со социјален ризик, им овозможи бесплатно користење на услугите, кои се предмет на договорот за закуп на училишен простор.

Советниците на седницата усвоија донација од Американската амбасада во Република Македонија и донација од 13 прочистувачи на воздух за потребите на градинката “13-ти Ноември“ објект Парк.

Седницата на советот беше прекината и продолжението на истата ќе биде дополнително одлучено и објавено.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.