mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Општина Центар затвори незаконско градилиште на Кале

  • 18 септември 2018
  • Број на прегледи: 135
  • 0 Коментари

Овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска затвори нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден донесе решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови; оградни ѕидови; помошни објекти и доградба.

На инвеститорот на градбата од страна на општината му беше наложено веднаш да престане со градење и да ги отстрани дивоградбите. Откако тој не го стори истото, овластениот градежен инспектор го затвори градилиштето.

Инвеститорот гради огромна градба без никаква документација и на незаконски начин, со што зафаќа дел и од строго заштитената зона за градење, односно тврдината Кале.

Општина Центар ја продолжува борбата со незаконските градби, а овластените општински инспектори ќе продолжат да постапуваат по решенијата за нелегално градење и во наредниот период.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.