mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

КОНКУРС за финансирање на проекти од локален интерес во областа на сценската уметност

  • 17 септември 2018
  • Број на прегледи: 226
  • 0 Коментари

Врз основа на член 22, став 1, точка 5 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002), Дел VIII точка 9.2 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.24/2017) и одлуката за објавување на конкурс за избор на проекти од областа на културата(Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.15/2018), Општина Центар – Скопје распишува

КОНКУРС
     За финансирање на проекти од локален интерес во областа на сценската уметност

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во функција на подршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар зема обврска за финансиска подршка на проекти од областа на сценската уметност, во согласност со Стратегијата за култура на Општина Центар – Скопје 2017 – 2022 година.
УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледуван од страна на комисијата:
Да е нов, иновативен во полето на современата изведувачка уметност;
Да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните;
Да вклучува активности за различни старосни групи;
Да ги афирмира младите професионалци во полето на современите изведувачки уметности;
Да вклучува креативни работилници за деца и млади;
Да промовира нови, иновативни изрази во културата.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
На Конкурсот може да учестуваат:
Здруженија на граѓани и друг вид на регистрирани организации во полето на културата, кои професионално ја извршуваат дејноста во полето на културата (театар, танц, музика, филмска уметност) чии дејности се одвиваат во Општина Центар – Скопје;
Пријавените здруженија на граѓани и организации да имаат најмалку една година работно искуство во полето на сценската уметност.
КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ
Проектот да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање;
Да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот;
Да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот;
Да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот;
Да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во општината.
КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Проектите ќе се евалуираат од стручна комисија формирана од Советот на Општина Центар – Скопје.
НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавите од овој конкурс ќе бидат објавени на интернет страницата на Општина Центар – Скопје (www.opstinacentar.gov.mk ) на денот на неговото објавување. 
Пријавите треба да се доставават до Општина Центар – Скопје на адреса: ул. Михаил Цоков б.б. 1000 Скопје или со нивно предавање во архивата на Општината најдоцна до 16 часот на последниот ден од конкурсот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
- Пополнета пријава,
- портфолио на организацијата, 
- биографии на лицата вклучени во проектот,
- правна потврда за регистрација и работа на организацијата/ ујп образец, или ДДР образец каде се гледа регистрирана дејност и  
- потврда за обезбеден простор каде ќе се изведуваат проектите (договор).
ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО КОНКУРСОТ
Нема да бидат разгледувани следниве пријави: Пријави што се доставени по истекот на конкурсот, пополнети на несоодветен образец и нецелосно пополнети пријави.
Материјалите доставени со пријавите на конкурсот не се враќаат.
Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, а ќе биде објавен и на интернет страната на Општина Центар – Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
За резултатите од конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени.
Проектите  поддржани од овој конкурс ќе бидат составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2018-2019 година.
Износот на финансиската подршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на општината за 2018-2019.
Општина Центар – Скопје ќе склучи договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на овој јавен повик.
Дополнителни информации може да се добијат на тел.078/343713 кај одговорниот службеник.                                     

Documents to download

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.