mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

“Европски Центар“ - Средба на Богдановиќ со невладиниот сектор

  • 14 септември 2018
  • Број на прегледи: 117
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска одржа средба со невладините организации кои делуваат на територија на општина Центар.

На средбата, Богдановиќ заедно со претставниците од организациите од цивилниот сектор дискутираа и разменуваа идеи за соработка пред претстојниот референдум, закажан за 30-ти септември, 2018-та година.

Претставниците на невладините организации пред градоначалникот и присутните ги претставија своите идни граѓански активности за приближување на Македонија во ЕУ.

“Европската Унија многу пати досега помогнала и на општината и на невладините организации со финансиски средства и со логистика во спроведувањето на проекти за подобрување на условите за општествениот живот на граѓаните. Со членството во ЕУ степенот на добиени проекти ќе се зголеми. Оттаму, Ве повикувам заедно и во иднина да учествуваме и да ги користиме Европските фондови“, изјави Богдановиќ.

Градоначалникот Богдановиќ ги повика преставниците на невладините на 27-ми септември да потпишат меморандум за соработка, со што потписниците ќе се заложат за заедничко аплицирање и менаџирање на проектите од Европските фондови.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.