mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Оглас за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2018/2019 година

  • 14 септември 2018
  • Број на прегледи: 191
  • 0 Коментари

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2017 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 23/2017“), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

 

 

ОГЛАС

за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2018/2019 година

 

 

I. Услови за доделување стипендија

 

Учесниците на огласот треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се жители на Општина Центар

- спортистите да се редовни ученици во VIII  и IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

 

II. Критериуми за доделување стипендија

 

Спортистот потребно е да има постигнување на точни (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 01.09.2017 година до 31.08.2018 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

 

- Освоено индивидуално прво место (1 бод) на државно првенство;

- Балканско првенство прво место (2 бода);

- Европско првенство  прво место (3 бода);

 

- Училишни спортски игри  во организација на Општина Центар-Скопје (во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка-девојки и шах) и истите да се прогласени за најдобри поединци.

 

     Останатите успеси и резултати кои не се во согласност со календарот на натпревари од националните и меѓународните спортски федерации, нема да се земаат предвид.

 

III. Потребни документи

 

Со барањето учениците-спортисти на огласот треба да достават:

- Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик во VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар;

- Биографија на спортистот;

- Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 01.09.2017 година до 31.08.2018 година како и признанието за најдобри играчи, стрелци и смечари, прогласени во училишната „ЛИГА ЦЕНТАР 2017/18“, објавено на сајтот на Општина Центар-Скопје во четирите спортски дисциплини (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка-девојки) и шах.

 

 

 

IV.  Висина на стипендијата и рангирање

 

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 денари и 3.000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната  2018/2019  година:

 

- За освоени два бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно;

- За освоени три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно и

- За најдобрите поединци-спортисти прогласени во училишните спортски игри „ЛИГА ЦЕНТАР 2017/18“, во организација на Општина Центар-Скопје (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка-девојки) и шах, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно.

 

V.  Начин на пријавување

 

Документите треба да се доставуваат до архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бб – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

 

VI. Рок на поднесување  документи

 

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 24 септември 2018 година.

Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.