mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2018/2019 година

  • 14 септември 2018
  • Број на прегледи: 246
  • 0 Коментари

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/02), а во врска со Програмата за дејноста образование за 2017 година (Службен гласник на Општина Центар бр.23/2017) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната

2018/2019 година

 

Општина Центар-Скопје за учебната 2018/201 година ќе додели стипендии за талентираните ученици од VIII и IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

I.Услови за доделување стипендија

 

Учесниците на Огласот треба да ги исполнуваат следните услови:

-       Да се ученици во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар-Скопје,

-       Кандидатите да се редовни ученици во VIII и IX одделение во    општинските основни училишта од подрачјето на општина Центар и

-       Да оствариле континуиран  одличен успех  во текот на школувањето од     VI,VII и VIII одделение.

 

II.Критериуми за доделување стипендија

 

Освоени награди од областа на науката и техниката од VI до IX одделение:

-       I место градски (општински) натпревар (0,5 бода),

-       I место регионален натпревар (1 бод)

-       I место државен натпревар (1,5 бода),

-       I или II место меѓународен натпревар (2 или 1,5 бод) и

-       Награди од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат во предвид.

 

III.Потребни документи

 

Со барањето учесниците на Огласот треба да достават:

-       Потврда од училиштето дека кандидатот е редовен ученик во VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на општина Центар,

-       Биографија на ученикот,

-       Фотокопии од свидетелствата, од VI до VIII одделение,

-       Фотокопиии од дипломи од освоени награди на натпревари  од областа на науката и техниката од VI до VIII одделение

 

IV.Висината на стипендијата и рангирање

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари и 2.500,00 денари месечно  за осум  месеци во текот на учебната година.

За освоени од 2 до 5 бода, висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари.

За освоени  повеќе од 5  бода, висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

V.Начин на пријавување

Потребните документи да се достават до Архивата на соодветното Општинско  Основно Училиште на подрачјето на Општина Центар, а ООУ во предвидениот рок, организирано да ги достави до Архивата на Општина Центар.

 

VI.Рок на поднесување на документи

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 24.09.2018  година.

Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.