mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

ООУ “Гоце Делчев“ во Центар почна со настава

  • 10 септември 2018
  • Број на прегледи: 164
  • 0 Коментари

Основното училиште “Гоце Делчев“ во општина Центар, по извршените градежни работи, денеска започна со настава.

По тој повод, заедничка прес конференција денеска одржаа градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.

“Со градежниот зафат пред кој што стоиме, училиштето ќе добие дополнителна површина од 532 м2. Ќе се обезбедат 4 нови големи училници, 3 помали простории за помошни групи и 1 техничка просторија. Дел од зафатот е и поставување на лифт за деца со инвалидитет и пречки во развојот, кој ќе ги поврзува сите нивоа на постоечкиот објект“, појасни градоначалникот Богдановиќ.

Покрај, училиштето доби и нова, современа енергетски ефикасна фасада, со која училиштето ќе плаќа до 30% помали сметки за струја во иднина.

Во активностите за доградба и реконструкција на постоечкиот објект беа опфатени и тоалетите на приземното ниво, со целосна обнова на водоводната инсталација. Вградени се и нови санитарии, нови керамички плочки и за прв пат се обезбедени специјализирани тоалети за деца со посебни потреби.

“Во координација со општината и училиштето, учениците ќе ги надокнадат изгубените часови од наставата. Училиштето уредно достави и програма за работа, со што заедно ја постигнавме главната цел, а тоа е подобри услови за образование на нашите деца“, рече заменик министерот, Атанасов.

Во август, додаде Богдановиќ, исто така се изврши санација на постоечкиот дел од објектот. Со винилна подлога се заммнија дотраените подови во 6 училници и 2 помали простории, променети се 14 врати, бојадисани се и ходниците кои водат до доградбата, со што овој проект се комплетираше во целост.

Богдановиќ и Атанасов на учениците им посакаа плодна и успешна нова учебна година.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.