mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување до учениците од ООУ “Гоце Делчев“

  • 3 септември 2018
  • Број на прегледи: 73
  • 0 Коментари

Поради неочекувано пролонгирање на градежните работи околу реновирањето на основното училиште “Гоце Делчев“, учебната година за учениците во ова училиште ќе започне со мало задоцнување, од неколку работни денови.

Во текот на летниот распуст, општина Центар интервенираше во училиштето со доградба на нови училници и поставување на енергетски ефикасна фасада, со што ќе се подобрат условите за работа на учениците.

Пропуштените часови од почетокот на учебната година ќе се надокнадат во договор со одделенските и предметните наставници во текот на годината.

За почетокот на учебната година, родителите и учениците ќе бидат навремено известени.

На сите ученици и наставници, општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ им посакува успешна и плодна учебна година.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
1.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.