mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • 3 септември 2018
  • Број на прегледи: 309
  • 0 Коментари

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје распишува

Ј А В Е Н   П О В И К за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Јавниот повик се распишува во согласност со член 21 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/2018).                                                                                                              

Јавниот повик ќе трае од 3.9.2018 до 5.10.2018 година или 33 дена, сметано од објавувањето во дневниот весник „Слободен печат“.                                      

Во текот на јавниот повик, сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават иницијативи за изработување и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1), точка 2, алинеја 2 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општината.                                                                              

Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на важечки урбанистички план, со образложение за бараните изменувања и предлог за планскиот опфат.                                                                  

За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување на иницијативи.                    

Средствата за прифатените иницијативи за изработување и донесување на урбанистичките планови треба да ги обезбедат правните или физичките лица подносители на иницијативите.                                                                             

Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Центар-Скопје, www.opstinacentar.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во „Службен гласник на Општина Центар - Скопје“ и во дневниот весник „Слободен печат“.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.