mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување 1.9.2018

  • 1 септември 2018
  • Број на прегледи: 88
  • 0 Коментари

Општина Центар ја информира јавноста дека  некои портали продолжуваат со изнесување на шпекулации и нецелосни информации. Не е точна информацијата  дека во време на Мораториум до Влада ќе се креваат згради. Ова е  со цел да се дискредитира работењето на општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ.

По објавите, ја информираме јавноста дека изградбата на  посочената локација е предвидена во ДУП- от  донесен во времето кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ.

Одобрението за градба е потпишано од претходниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски  на 10.10.2016 година.  Одобрение има добиено само една зграда, а не како што пренесуваат медиумите повеќе.Напоменуваме дека  решението не е правосилно и инвеститорот доколку гради,  ќе гради на свој ризик. Надлежните во општина Центар ќе интервенираат доколку се преземат недозволени дејства.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, по претставките од граѓаните поведоа постапка за проверка на одобрението за градба и утврдување на фактичката состојба.

За појаснување на јавноста оваа градба не е опфатена со Мораториумите.

Општина Центар, работи според позитивни законски решенија и пред се во интерес на граѓаните.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
1.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.