mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Повторно продолжен мораториумот на градби во општина Центар

  • 31 август 2018
  • Број на прегледи: 309
  • 0 Коментари

Советот на општина Центар, вчера го заврши продолжението на 16-тата седница и ја одржа 17-тата седница.

Покрај донесувањето на полугодишните извештаи за работа на ЈП ПОЦ, секторите во општината како и извештаите за работа на градинките, на продолжението на 16-тата седница, советниците ги усвоија и измените и дополнувањата на блoкот 9 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. Блокот 24, кој исто беше предложен за измени и дополнувања но поради низа неправилности, меѓу кои и зголемениот број на жители и возила, станбени објекти, како и потребата од повеќе зеленило, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, со 23 гласа “ЗА“ и 1 “ВОЗДРЖАН“, се донесе одлука за недонесување на измените и дополнувањата на Блок 24.

Со донесувањето на измените и дополнувањата на овие 2 блока, кои се наоѓаат во близина на новото училиште во Капиштец, ќе се овозможи непречено и безбедно функционирање на околните јавни објекти и ќе го олесни движењето на учениците и пешаците, а и на овој начин ќе се направи усогласување со Генералниот урбанистички план (ГУП), донесен од Град Скопје. Се’ додека не се донесат измените и дополнувањата, нема да се гради на територијата на Блокот 24 од ДУП-от Градска четврт Ј 07.

На 17-тата седница, советниците на општина Центар, со 14 гласа “ЗА“ и 6 “ПРОТИВ“ по 4-ти пат ја продолжија одлуката за запирање на спроведувањето на Деталните урбанистички планови, односно мораториумот за градби на територија на општината. Со донесувањето на оваа одлука, општината прави чекор кон подобрување на животната средина и овозможување на похумани и нормални услови за живеење на жителите на Центар.

Покрај продолжувањето на мораториумот за градби, на седницата советниците ги усвоија и програмата за реконструкција и санација на градинки и основни училишта, одлуката за објавување конкурс за сценска уметност, како и одлука за прифаќање донација за урбана опрема од Амбасадата на Република Словенија во Македонија.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
1.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.