mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување за учениците и првооделенците во основните училишта во Центар

  • 30 август 2018
  • Број на прегледи: 134
  • 0 Коментари

Општина Центар ги известува родителите и учениците дека на 3-ти септември (понеделник), со пригодна програма, свечено ќе ја започне новата учебна година.

За првооделенците, распоредот е следен:

ООУ “Димитар Миладинов“ – 8:30 часот
ООУ “Св. Кирил и Методиј“ – 8:30 часот
ООУ “Кочо Рацин“ – 9:00 часот
ООУ “Гоце Делчев“ – 9:00 часот
ООУ “Коле Неделковски“ – 9:00 часот
ООУ “11-ти Октомври“ – 9:30 часот
ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ – 9:30 часот

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ на сите ученици во основните училишта на територија на општината им посакува среќна и успешна нова учебна година.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.