mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

31-ви август – Последен ден за поднесување барања за субвенции на велосипеди

  • 24 август 2018
  • Број на прегледи: 179
  • 0 Коментари

Општина Центар ги известува жителите и јавноста дека 31-ви август (петок), е последниот ден за поднесување на барања за субвенционирање на велосипеди.

Проектот “Цел Центар на Точак“, со кој се субвенционираат до 3000 денари за купен велосипед, се спроведува 5-та година по ред и со ова, општината уште еднаш ја потврдува заложбата за поздрава и почиста животна средина.

Сите жители на Центар имаат можност до петок (31.8.2018), да ги достават потребните документи (пополнето барање, фискална сметка, копија од лична карта и трансакциска сметка) во архивата на општината (барака бр. 6), од 9:00 до 15:00 часот.

Documents to download

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.