mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување за продолжение на седница на Совет 30.08.2018

  • 20 август 2018
  • Број на прегледи: 316
  • 1 Коментари

Советот на Општина Центар – Скопје за продолжението на 16-тата седница, закажано за 30-ти август, меѓу другите точки, на дневниот ред ќе го има и донесувањето на измените и дополнувањата на блоковите 9 и 24 од Деталниот урбанистички план (ДУП) – Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Овие два блока се дел од еден од неколкуте ДУП-ови кои не се под општинскиот мораториум за градба на територија на општина Центар и истите ги имаат поминато сите досегашни фази на донесување.

Општина Центар ја известува јавноста и заинтересираните граѓани доколку имаат дополнителни предлози, забелешки и идеи во врска со овие два блока, да ги достават до архивата на општината.

Повеќе информации околу дневниот ред на продолжението на седницата и носењето на овие 2 блока, може да се добијат на овој линк.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

1 коментари за веста "Известување за продолжение на седница на Совет 30.08.2018"

GJORGI

23.08.2018 09:05

Ve molam da me izvestite kako da apliciram za prisustvo na Sovet na 30-08-2018 , dali treba preku arhiva ili elektronski koe ne mozam da go najdam na sajtot na Opstina Centar .

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.