mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Од оваа година повеќе деца во градинките во Центар

  • 10 август 2018
  • Број на прегледи: 74
  • 0 Коментари

Советот на општина Центар вчера ја одржа 16-тата седница. Помеѓу останатите точки, советниците ја усвоија и согласноста за зголемување на капацитетот за прием на деца во општинските градинки.

Од оваа година, градинките “Кочо Рацин“, “13 Ноември“ и “Раде Јовчевски Корчагин“, со своите клонови, ќе го зголемат процентот на примени деца.

На седницата советниците ги усвоија и предлог извештаите за работа на седумте основни училишта, како и извештаите за програмта за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности на учениците.

Седницата советниците ја прекинаа на 18-тата точка и продолжението на истата го закажаа за крајот на август, кога и ќе се донесуваат одлуките за изменување и дополнување на БЛОК 9 и БЛОК 24 од ДУП-от Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.