mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

  • 9 август 2018
  • Број на прегледи: 165
  • 0 Коментари

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Центар - Скопје, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 09.08.2018 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Образование без пречки II  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во бруто износ од 9.000,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
  • лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
  • родители на деца со пречки во развојот

 

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

- 15 асистенти на ученици со попреченост (10 лични и 5 образовни асистенти)

Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 09.08.2018 година до 14.08.2018 година.

 Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Центар и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Центар кај лицето Васко Димовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Флорие Љачи. 

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.