mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Нов асфалт и осветлување на улицата Самоилова на Кале

  • 6 јули 2018
  • Број на прегледи: 187
  • 0 Коментари

Вкупната површина на реконструираниот дел изнесува 3200 метри квадратни и е во должина од 500 метри. Стариот, дотраен и оштетен асфалт е заменет со нов, високо квалитетен асфалт.

На улицата Самоилова има и ново улично осветлување, а со цел обезбедување поголема безбедност на пешаците и нормален тек на сообраќајот на возилата, поставена е и нова хоризонтална сигнализација .

Активностите на општина Центар за подобрување на инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период со реконструкција на улиците Димитар Пандилов и Ганчо Хаџи-Панзов. Во тек е и санацијата на улицата Ѓуро Ѓоновиќ во Маџир Маало, како и на улиците Петричка и Велешка, а привршува и реконструкцијата на улицата 171 во населбата Крњево.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.