mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Продолжен мораториумот на 31 ДУП во Центар

  • 14 јуни 2018
  • Број на прегледи: 96
  • 0 Коментари

Советот на општина Центар на денешната седница донесе одлука за повторно запирање на спроведувањето на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината.

Со оваа одлука се запираат постапките за издавање на одобренија за градење кои се во границите на урбанистичко-планските документации опфатени во деталните урбанистички планови.

Овие ДУП-ови се донесени во обемни консултации со стручната фела, граѓаните и жителите на општина Центар, како и со правните лица кои вршат дејност во општината. Голем дел од запрените ДУП-ови се донесени од претходните општински раководства, во доцните вечерни часови, без никаква консултација со засегнатите страни.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, пред советниците ја образложи одлуката за повторниот мораториум, базиран пред се’ на рационалното уредување, кое би овозможило услови за хумано живеење. Со запирањето на спроведувањето на ДУП-овите, рече тој, ќе се цели и кон надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, како и кон заштита и унапредување на животната средина.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.