mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Јавна презентација и јавна анкета на Предлог ДУП Градска четврт И 04 - Даре Џамбаз

  • 12 јуни 2018
  • Број на прегледи: 231
  • 0 Коментари

 

Општина Центар ги известува правните и физичките лица дека донесе Oдлука за јавна презентација и јавна анкета на Деталниот урбанистички план Градска четврт И 04 - Даре Џамбаз.

Предлог Деталниот урбанистички план ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница “Роберт Гајдик“, секој работен ден во периодот од 18.6.2018 до 29.6.2018, од 8:00 до 16:00 часот и на веб страната на Општина Центар (линк). Дополнително, анкетниот лист е објавен и во електонскиот систем е-урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/najava.nspx). 

Во определениот рок, заинтересираните страни ќе можат да доставуваат анкетни листови со предлози за ДУП-от, да се јават на телефоните 02-3203-605 и 02-3203-660 и на e-mail, planiranje@centar.gov.mk.

Јавната презентација на Предлог Деталниот урбанистички план ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, на 27.6.2018 (среда), со почеток во 13:00 часот.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.