mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Проектот “Исправи се“ на општина Центар ќе ги открие деформитетите на ’рбетниот столб кај првооделенците

  • 9 јуни 2018
  • Број на прегледи: 123
  • 0 Коментари
Проектот “Исправи се“ на општина Центар ќе ги открие деформитетите на ’рбетниот столб кај првооделенците

Општина Центар се грижи за своите најмлади жители и за нивниот здрав раст и развој. Затоа втора година по ред го спроведува проектот “Исправи се“ во соработка со ординацијата за физикална медицина и рехабилитација “Твое Здравје“.

 

Искривувањето на ’рбетниот столб како сколиоза, лордоза, кифоза, неправилно држење на телото и деформитетите на долните екстремитети и на стапалата, се потенцијална опасност за децата од основните училишта.

 

Во насока на превенција и рано откривање на овие деформитети, направени се дијагностички превентивни прегледи на ’рбетниот столб и на долните екстремитети на 536 ученици од прво одделение од седумте основните училишта на општина Центар. Прегледите од стручни лекарски тимови ќе помогнат во навремено дијагностицирање на било какви деформитети на ’рбетниот столб, како и препораки за понатамошно дејствување.

 

Секој родител ќе добие извештај за наодите за своето дете за да се дејствува за корегирање и отстранување на евентуалните деформитети.

 

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.