mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување во врска со ГИС порталот на Општина Центар - Скопје

  • 31 мај 2018
  • Број на прегледи: 272
  • 0 Коментари

Почитувани корисници на веб страната на Општина Центар-Скопје, Општина Центар направи чекор повеќе кон овозможување подобра информираност и вклученост на граѓаните во постапките за донесување на детални урбанистички планови.

ГИС ПОРТАЛОТ на Општината што функционира неколку години и нуди информации за донесените детални урбанистички планови веќе извесен период овозможува современа услуга.

Услугата станува достапна до секое лице кое ќе остави свои податоци и електронска адреса за контакт.

Со таа услуга секој заинтересиран граѓанин може да избере најмногу 3 локации  т.н. точки од интерес на територијата на Општината и на сопствената електронска адреса да добие информација за oрганизирање на јавна анкета и јавна презентација на конкретен детален урбанистички план.

Важно е да се истакне дека јавната анкета и јавната презентација е фаза во постапката за донесување на деталните урбанистички планови кога граѓаните можат да се вклучат со доставување на забелешки и предлози на анкетни листови.

Подетални информации за регистрирање и користење на услугата има во приложеното Упатство на ГИС ПОРТАЛОТ на веб страната на Општината www.centar.gov.mk

Во очекување на активно користење на ГИС ПОРТАЛОТ ви благодариме за интересот,

 

Градоначалник на Општина Центар-Скопје

Саша Богдановиќ

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
4.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.