mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

„Златната четворка“ од Центар ја одушеви публиката на Меѓународен фестивал во Истанбул

  • 16 мај 2018
  • Број на прегледи: 56
  • 0 Коментари
„Златната четворка“ од Центар ја одушеви публиката на Меѓународен фестивал во Истанбул

Бисера, Ана, Леона и Јана, се четирите девојки од Центар кои го кренаа Истанбул на нозе. „Златната четворка“ ја одушеви публиката на 9-от Интернационален фестивал на уметнички дијалог што се одржа во организација на општина Бијоглу, Истанбул. Бијоглу е збратимена општина со Центар.

„Ние сме сите исти, ние сите сме луѓе со исти желби за мир во светот и соживот“, е пораката што групата ја упати преку нивниот 30 минутен музичко-сценски перформанс од општина Центар до сите учесници на фестивалот.

Осум земји, меѓу кои и Македонија преку општина Центар покажаа дека уметноста ги зближува народите. Девојките од Центар пееја, свиреа и танцуваа на иста сцена заедно со претставниците на Индонезија, Тунис, Романија, Бразил, Украина, Хрватска и Кореја.

Претставниците од општина Центар направија вистинско шоу на Таксим, по улиците на Истанбул и на крстарење по Босфор, со колаж од музика од 70-те години до денес, пеејќи песни од Франција, Италија, Русија, Велика Британија, Шпанија, Македонија, Грција и Турција.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.