mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Започна проектот “Училишни сообраќајни единици“

  • 16 мај 2018
  • Број на прегледи: 115
  • 0 Коментари
Започна проектот “Училишни сообраќајни единици“
 Општина Центар во соработка со СВР Скопје - Одделението за превенција, започна со подготвителните активности за реализација на проектот “Училишни сообраќајни единици“, што се реализира во сите општински основни училишта. 

Подготвителните активности започнаа со реализација на обука за учениците и наставниците во основното училиште „Кочо Рацин“ и „Св. Кирил и Методиј“, по што ќе следат обуки и во останатите основни училишта.
Безбедноста на учениците ќе се зголеми со тоа што од септември пред секое училиште во општината во периодот на доаѓање и заминување на учениците, движењето ќе го олеснуваат училишните сообраќајни единици.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.