mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Акција на општина Центар за собирање стаклена амбалажа

  • 16 мај 2018
  • Број на прегледи: 24
  • 0 Коментари
Акција на општина Центар за собирање стаклена амбалажа

Општина Центар во текот на месец мај, во соработка со колективниот постапувач Пакомак,  организира акции за собирање на стаклена амбалажа во урбаните заедници на територија на Општината.

Целта е стаклената амбалажа организирано да се собира и со рециклирање повторно да се користи, без да завршува на депонии. Стаклото може неограничено да се рециклира, со што се штедат природните ресурси, така што со рециклирање на 1 тон стакло, се добива 1 тон нов производ од стакло.

Граѓаните кои што ќе донесат 7 тегли или стаклени шишиња, ќе добијат семе за цветен расад од различни видови, кои што потоа можат да ги засадат во дворовите или на терасите и да го разубават местото на живеење.

На овој начин, Општината ја искажува својата заложба за чиста животна средина без отпад во сите урбани заедници на нејзината територија.

Првата акција започна во УЗ „Мирче Мацан“ во населба Пролет, каде што е поставен контејнер за собирање на стаклена амбалажа. Постерите со упатство за акцијата се залепени во урбаните заедници: „Мирче Мацан“, „Славе Георгиевски – Шнајдерот“, „Раде Јовчевски – Корчагин“ и Крњево. Во текот на следните недели, ќе се опфатат и другите урбани заедници во Општината.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.