mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Жбогар до учениците од Центар: Македонија треба што поскоро да стане дел од Европското семејство на кое му припаѓа

  • 8 мај 2018
  • Број на прегледи: 352
  • 0 Коментари
Жбогар до учениците од Центар: Македонија треба што поскоро да стане дел од Европското семејство на кое му припаѓа

Учениците од 7- те основни училишта во општина Центар, денеска пееја и танцуваа во ритамот на Европа.

Тринаесетти пат по ред,  општина Центар заедно со делегацијата на ЕУ во РМ го организираше Европскиот хепенинг, приклучувајќи се на кампањата  „Европска година на културното наследство 2018 “.

„ Преубаво е да се видат толку насмеани лица на едно место. И оваа година Европа го одбележува крајот на војната и почетокот на заедничката Европска иднина. И вашето богато културно наследство е дел од заедничкото европско наследство и затоа Ви порачувам да го чувате и негувате .Македонија треба што поскоро да стане дел од Европското семејство на кое му припаѓа, рече шефот на делегацијата ЕК во РМ, Н.Е Амбасадорот Самуел Жбогар.

Општина Центар со задоволство се вклучи и оваа година во организирање на овој хепенинг покажувајќи дека е модерна Европска општина.

„ Пораката која децата од Центар  ја упатуваат  денеска е дека сакаат, знаат и умеат да бидат дел од големото Европско семејство. Културното наследство е мост меѓу минатото и сегашноста“, рече секретарот на општина Центар, Маја Ралевска.

Навистина беше тешко да се изберат најдобрите и најинвентивните. Во категоријата музика и танци жирито одлучи првото место да им припадне на учениците од ООУ „Гоце Делчев“, второто ООУ „Ј.Х.Песталоци“  и  третото ООУ „Коле Неделковски“.

Учениците ја покажаа целата инвентивност изработувајќи макети од културните знаменитости од земјите членки на ЕУ и од Македонија.

Жирито одлучи дека најинвентивни се макетите изработени од учениците од ООУ „11 Октомври“, второ место ООУ „Кочо Рацин“ и трето место ООУ „Кирил и Методиј“.

Во квизот на знаење на темата културно наследство најголемо знаење покажа екипата на ООУ „Кочо Рацин“, второто ООУ „Димитар Миладинов“ и третото „Кирил и Методиј“.

Печати

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.