mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“ во Центар

  • 8 мај 2018
  • Број на прегледи: 29
  • 0 Коментари
Промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“ во Центар

Денеска пред СВР Скопје –Полициска станица Центар беше промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“. На почетоко, на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.

Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект

во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.