mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Општина Центар: “Цел Центар на точак” 2018

  • 30 април 2018
  • Број на прегледи: 1100
  • 0 Коментари

За поздрава животна средина и помал метеж – Полесно до велосипед!

Општина Центар Скопје од 02.05.2018 година ја спроведува акцијата “Цел Центар на точак” со која ќе се субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жителна Општина Центар што ќе купи велосипед започнувајки од втори мај, потребно е да ги достави следниве документи:

- Копија од лична карта

- Копија од трансакциска сметка

- Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје, барака број 6, почнувајќи од втори мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

Акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Емил Николовски.

Телефони за контакт: 3203-631 и 076-353-620

 

Documents to download

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.