Викендов во населбата Дебар Маало беше спроведена акција за ставање ред на сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање во централното градско подрачје.
Сообраќајната полиција и „пајак службите“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар и ЈП Градски Паркинг санкционираа и отстранија над 80 непрописно паркирани возила.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ, СВР Скопје и ЈП Градски Паркинг во наредниот период ќе продолжат со секојдневна контрола и отстранување на сите непрописно паркирани автомобили во општина Центар. Акцијата ќе трае се додека не се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и безбедноста во сообраќајот.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.