mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Наместо бетон и тампон од времето на Тито поставен асфалт и нов водовод на улица „Бигла“

  • 15 април 2018
  • Број на прегледи: 101
  • 0 Коментари
Наместо бетон и тампон од времето на Тито поставен асфалт и нов водовод на улица „Бигла“

Повеќе деценискиот проблем на жителите на улицата „Бигла“ е решен. Нема да се движат по кал и прашина, колите нема да ги уништуваат од ударните дупки и конечно добија осветлена улица.

Општина Цетар целосно ја реконструираше улицата по 50-тина години, поставен е нова водоводна мрежа со нови приклучоци и 800 м2 нов асфалт

 Поставени се нови канделабри со лед диоди.

Граѓаните му раскажаа на градоначалникот Саша Богдановиќ, кој беше да види како се одвиваат работите, дека пред 5 години сами си поставиле канализациска мрежа, но останал тампонот и бетонот од времето на Тито. Нивните родители во минатиот век, во 1979 година, со писмо до Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на општина „Центар“,апелираат и потсетуваат да им се среди улицата, бидејќи недозволиво е да голтаат прашина среде Скопје.

Улицата „Бигла“,се наоѓа спроти Клинички центар.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.