mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

ЈАВЕН ПОВИК За финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбените згради на подрачјето на Општина Центар

  • 12 април 2018
  • Број на прегледи: 507
  • 0 Коментари

Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2018 година, ставка ЈЛО – Други комунални услуги Капитални расходи, донесена од страна на Советот на Општина Центар под број 08-5371/14 од 27.12.2017 година (Службен Гласник бр.24 од 2017 година), Општина Центар го објавува следниот:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбените згради на подрачјето на Општина Центар

 

 

1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

1.1.Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на постоечки кровни конструкции и поправка и санација на лифтови на нивните станбени згради.

1.2.Јавниот повик се однесува на: Финансиска поддршка за поправка на лифт кој со мислење од независно тело е утврдено дека е технички неисправен и модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постоечките лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на кровови и кровни покривачи е насочена кон замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови кои се опишани во јавниот повик.

1.3.Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, Програма ЈЛО, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари, за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици апликант.Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постоечки кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.

 

Предуслов за исплата на средствата од страна на Општина Центар ќе биде потпишан договор со избрана фирма од страна на заедницата на станари или управителот и уплатен аванс. По приложување на истите до Општина Центар, средствата ќе бидат префрлени на сметка на заедницата или управителот на станбената зграда.

 

2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Право на учество на јавниот повик имаат заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар под следните услови:

 

-    Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни конструкции, тие треба да бидат оштетени, доколку се работи за поправка и санација на лифтови, тие треба да бидат неисправни, но постоечки;

-    Сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда;

-    Најмалку 70% од становите во зградата да се користат (се вселени) во текот на целата  година (вклучувајќи и изнајмени станови).

 

При рангирање на колективните станбени згради кои ги исполнуваат претходно наведените услови, како критериум ќе се користи и целосна и навремено доставена документација.

 

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

 

3.1.Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на пропишан образец кој можат да го подигнат на пријавницата во барака 3, во архивата на Општина Центар – барака 6 или на интернет страната www.opstinacentar.gov.mk.

 

3.2.Кон пријавата се доставува следната документација:

 

ОПШТИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДВЕТЕ КАТЕГОРИИ

-    Одлука донесена од станарите за избор на претседател на заедницата на сопственици на станови или Договор за управувачки услуги (доколку работите на управувањето со станбената зграда се доверени на управител);

-    Копија од жиро сметката на заедницата на сопственици односно копија од жиро сметката што ја отворил управителот за потребите на станбената зграда;

-    Понуда од економски оператор со детален опис по позиции;

-    Изјава од 100% од сопствениците на станови заверена на нотар дека ќе обезбедат 70% од потребните средства за реконструкција на постоечки кровни конструкции и поправка и санација на лифтови на нивните станбени згради;

-    Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 (шест) месеци;

-    Потврда од заедница на сопственици на станови за бројот на станови кои се вселени во текот на целата година.

 

ЗА ЛИФТОВИ

-    Годишен договор за редовно одржување и сервисирање на лифтот склучен со правно – одговорно лице;

-    „Технички извештај“ од извршен периодичен технички преглед за состојбата изработен од независно правно лице со кој ќе се потврди техничката неисправност на лифтот и чекори кои треба да се превземат за усогласување на лифтот со важечките стандарди.

 

ЗА КРОВОВИ

-    Изјава дадена од претседателот на заедницата на сопственици на станови или управителот (доколку работите на управувањето со станбената зграда се доверени на управител) за степенот на оштетеност или за моменталната состојба на кровот и кровниот покривач.

 

4.РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

 

4.1. Пријавите заедно со целата документација можат да се достават во период од 23 април 2018 година до 07 мај 2018 година.

 

4.2.Пријавите се доставуваат директно во архивата на Општина Центар, со седиште на ул.Михаил Цоков б.б.- Скопје, во барака 6 - Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина секој работен ден во периодот од 9 до 15 часот.

 

4.3. Пријавите доставени по пошта, со некомплетна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок, нема да се разгледуваат.

 

 

 

                                                                                          Општина Центар-Скопје         
Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.