mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Јавен конкурс за избор на Директор на ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар

  • 5 април 2018
  • Број на прегледи: 204
  • 0 Коментари

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на Р.М." број 5/02), а во врска со член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија (Службен весник на Р.М." број 38/96; 6/02; 40/03; 49/06; 22/07; 83/09; 97/10; 6/12; 119/13; 41/14; 138/14; 25/15; 61/15; 39/16), Градоначалникот на Општина Центар распишува:

Јавен конкурс за избор на Директор на ЈП за јавни паркиралишта

Паркинзи на Општина Центар

1.Се распишува јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар.

2. Кандидатите кои ќе се пријават на јавниот конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар треба да ги исполнуваат следните општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.


3. Покрај општите услови за вработување, треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование

да има минимум 5 години работно искуство,

да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и

- да има положено психолошки тест и тест за интегритет


4.Bo прилог на пријавата на конкурсот за избор на директор на Јавното претпријатие кандидатите треба да ја достават следната документација:

-Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар)

- Доказ за завршено високо образование кое е предвидено со конкурсот (оригинал или копија заверена на нотар)

- Доказ за работното искуство кое го има кандидатот кој се пријавува на огласот за избор на директор на Јавното претпријатие.
- Сертификат/уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години.
- Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност (оригинал или копија заверена на нотар, не постаро од шест месеци)
- Потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет

5. Времетраење на рокот за пријавување на јавниот конкурс е 10 (десет) дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.


6. Пријавите за учество на јавниот конкурс кандидатите да ги доставуваат по пошта на адреса на Општина Центар-Скопје на ул. „Михаил Цоков" бб. 1000 Скопје или лично во архивата на општината на истата адреса, во затворен плик со назнака за јавен конкурс за избор на директор.

 

7. Нецелосната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.


                                                                    ОПШТИНА ЦЕНТАР – Скопје

                                                                                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
1.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.