mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Потпишан меморандум меѓу Општина Центар и Македонска Асоцијација на Дадилки

  • 27 март 2018
  • Број на прегледи: 324
  • 0 Коментари

Општина Центар и Македонската асоцијација на дадилки потпишаа меморандум за соработка. Со ова се овозможува унапредување на соработката во областа на згрижување на децата и разните облици на заштита и развој и благосостојба на детето.

“Општина Центар во својата програма има предвидено дел од овие активности и сега, ќе ги реализираме заеднички.  Драго ми е што најдовме партнери и ние како општина секогаш сме подготвени за соработка во интерес на децата“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Заедничките активности ќе овозможат професионално работно оспособување на негувателките и нивна преквалификација и доквалификација. Ова ги отвора и можностите за самовработување во рамките на системот за згрижување на деца во сопствен дом.

Со оваа соработка се создаваат опции да се намали родовиот и мајчинскиот јаз и да се поттикнува и реализира рамнотежа меѓу семејните и работни обврски и се со цел создавање услови на среќни и задоволни деца, што е и еден од приоритетите на општината.

Претседателката на Македонската Асоцијација на Дадилки, Сања Аризанов, посочи дека со овој проект жените ќе се вратат на пазарот на трудот, но и ќе го остварат своето право на мајчинство и на семејство.

“Цврсто верувам дека проектот ќе успее, бидејќи иднината на една земја се гледа во третманот на децата и сето ова не води напред, кон европските вредности“, рече Аризанов.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.