mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Дневен ред за 11-та седница на Совет

  • 27 март 2018
  • Број на прегледи: 187
  • 0 Коментари

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 3/06 и 12/15), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на единаесеттата седница

на Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам единаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 29.3.2018 година /четврток/, со почеток во 13 часотУсвојување на Записникот од деветтата седница на Советот.

За седницата го предлагам следниов

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

 

1.  Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател

     и на членови на Комисијата за финансирање и буџет.

 

2.  Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател

     и на членови на Комисијата за урбанизам, планирање и уредување

     на просторот.

 

3.  Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател

     и на членови на Комисијата за образование.

 

4.  Предлог-решение за  измена на Решението за именување на        

     претседател и членови на Комисијата за доделување на Годишната   

     награда на Општина Центар „Феникс“.

 

5.  Предлог-решение за измена на Решението за определување на   

     членови од Советот на Општина Центар-Скопје за учество при  

     склучувањето на бракови во Матичната служба на град Скопје.

 

  6.  Предлог-решение за именување член во Управниот одбор на

    Јавната установа за деца Детска градинка „Кочо Рацин“-Скопје,

    предложен од Советот на Град Скопје.

 

  7.  Предлог-решение за именување член во Управниот одбор на

    Јавната установа за деца Детска градинка „Раде Јовчевски Корчагин“

    -Скопје, предложен од Советот на Град Скопје.

 

  8.  Предлог-решение за именување член во Управниот одбор на

    Јавната установа за деца Детска градинка „13 Ноември“

    -Скопје, предложен од Советот на Град Скопје.

 

  9.  Предлог-правилник за постапката за остварување право на финансиска

       помош и поддршка на жители на Општина Центар-Скопје

 

 10.  Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за

     урбано планирање „Ф“ на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

 11.  Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за

     комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

12.    Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за

     заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

13.    Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за

     локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

14.   Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата

     за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

15.    Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата

     за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар- 

     Скопје за 2017 година.

 

16.   Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата

     за образование на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

   17.   Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата

     за култура на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

18.  Предлог-план за дополнување на Годишниот план за вработување

       за 2018 година на Општина Центар-Скопје.

 

19.  Предлог-годишен план за вработување за 2019 година на Општина  

       Центар-Скопје.

 

   20.   Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу

     Општина Центар-Скопје и Град Скопје.

 

   21.   Предлог-одлука за ослободување од плаќање надоместок за     

          уредување на градежно земјиште за објект-Јавна администрација   

          и Факултет за драмски уметности-Скопје.

 

22.   Предлог-одлука за продажба на деловен простор во

катна гаража „Судска палата“

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци. Ве молиме за присуство на седницата.

 

 

                             Совет на Општина Центар-Скопје

                                             ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                   Јана Белчева Андреевска

 

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
1.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.