mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Богдановиќ активно се вклучи во продажба на списанието „Лице в лице“

  • 13 март 2018
  • Број на прегледи: 268
  • 0 Коментари
Богдановиќ активно се вклучи во продажба на списанието „Лице в лице“

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска оствари средба со претставници на меѓународната мрежа на уличен печат „Лице в лице“ .

Богдановиќ   ја мапираше првата зона „Лице в лице“ и активно се вклучи во продажба на списанието.

„Општина Центар е подготвена  да поддржи активности за помош на сите ранливи категории. Како општина и јас како градоначалник  осудуваме дискриминација од секаков вид, а особено на лицата кои чесно и достоинствено заработуваат за живот “, изјави Богдановиќ.

 Договорено е потпишување на Меморандум за соработка, а градоначалникот и советниците ќе се вклучат во промоција на концептот  „Лице в лице“ заедно со продавачите.

Во општина Центар ќе се одбележа сите т кафулиња и угостителски објекти, каде што се добредојдени продавачите.

Во земјава бездомништвото расте, а празните живеалишта се множат. Затоа, беше посочено, неопходен е систем за социјално претприемништво и инклузија.

Општина Центар, во рамките на своите ингеренции и можности ќе работи за интеграција на овие лица, ќе се користат најдобрите примери од Полска. Европската унија е отворена за соработка и тоа треба да биде поздравено од институциите и поединци.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.