mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Интерен оглас за пополнување на работно место со унапредување

  • 12 март 2018
  • Број на прегледи: 518
  • 0 Коментари

Врз основа на  член 11,30,48 и 49 од Законот за административни службеници (Службен весник на Република Македонија бр.199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на Република Македонија бр.11/2015) и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на Република Македонија бр.35/2018 ,  Секретарот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје објавува

 

 

                                           ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2018

   за пополнување на работно место со унапредување

 

 

1.Помлад соработник за канцелариско и архивско работење во Одделение за општи работи во Сектор за правни и организациони работи, со шифра на работно место УПР0101В04000- 1 (еден) извршител;

 

2.Советник за примена на информатички технологии во Одделение за информатичко-технички работи во Сектор за локален економски развој, , со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител и

 

3. Советник за комунални работи во Одделение за комунални работи и заштита на животната средина во Сектор за уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина, со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител.

 

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административните службеници и актот за систематизација:

1.Помлад соработник за канцелариско и архивско работење во Одделение за општи работи во Сектор за правни и организациони работи, со шифра на работно место УПР0101В04000- 1 (еден) извршител;

 

- Стручни квалификации – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Правни науки или Библиотекарство и документација

- со или без работно искуство во струката;

 

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

 

 

2.Советник за примена на информатички технологии во Одделение за информатичко-технички работи во Сектор за локален економски развој, , со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител

 

- Стручни квалификации-   ниво на квалификациите  VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Информатика или Компјутерска техника и информатика

 

- најмалку три години работно искуство во струката;

 

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

 

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

 

 

3.Советник за комунални работи во Одделение за комунални работи и заштита на животната средина во Сектор за уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина, со шифра на работно место УПР0101В01000- 1 (еден) извршител.

Стручни квалификации-   ниво на квалификациите  VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Архитектура, урбанизам и планирање, Градежништво и водостопанство или Животна средина

 

- најмалку три години работно искуство во струката;

 

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

 

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

 

 

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-       да е државјанин на Република Македонија;

-       активно да го користи македонскиот јазик;

-       да е полнолетен;

-       да има општа здравствена способност за работното место; и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:

- да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување;

- да е на работно место кое согласно актот за систематизација на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас;

- да поминал најмалку две години на тековното работно место; и

- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на интерниот оглас.

Пополнетата пријавата и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат  во писмена форма преку Архивата на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје до Одделението за човечки ресурси како и до службената електронска адреса info@centar.gov.mk.

Дневно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Работни Денови: Понеделник до Петок

Неделно работно време : 40 (четириесет) часа

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:

1.   За Помлад соработник за канцелариско и архивско работење- 20.961,00 денари;

2.   За   Советник за примена на информатички технологии- 24.998,00 денари и

3.   За  Советник за комунални работи- 24.998,00 денари.

 

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

 

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје.

                                                                            

ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје

                                                                                                              СЕКРЕТАР ,

                                                                                        Маја Ралевска

Documents to download

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.