mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Во 2017 година евидентирани се 3.009 кривични дела на територија на општина Центар

  • 10 февруари 2018
  • Број на прегледи: 357
  • 0 Коментари
Во 2017 година евидентирани се 3.009 кривични дела на територија на општина Центар

Советот на општина Центар го констатираше престанокот на мандатот на членот на Советот Марија Бошковска Јанковски, која поднесе оставка од лични причини.

Советот на 8-та седница го усвои Годишниот извештај за работа на Полициската станица од општа надлежност „Центар“ за 2017 година. Во посочената година се евидентирани 3009 кривични дела.Минатата година на територијата на општина Центар биле регистрирани околу 500 кривични дела повеќе од претходната година.

Советниците од општина Центар кои заедно со претставниците на полициската станица бараа решенија како да се зголеми безбедноста на граѓаните во Центар, побараа враќање на позорникарите,  патролни полициски служби на велосипеди  и поголем број на полицајци распоредени во оваа полициска станица.

Советниците побараат да се реагира и на бучавата од угостителските објекти.


Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
4.5

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.