mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Општина Центар дел од Bike to work денот

  • 8 февруари 2018
  • Број на прегледи: 361
  • 0 Коментари

Утре, 9.2.2018 е Меѓународниот зимски ден на одење со велосипед на работа. Општина Центар се придружува и го поддржува овој интернационален ден и воедно, ги повикува сите жители и вработени во општината да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа.

“Bike to Work“ ден (На работа со велосипед) е годишен настан кој се одржува на различни денови насекаде во светот, со цел промоција на велосипедот како превозно средство за тренспортира до работа.

Со ова се подига свеста за користење на ова превозно средство, за да се придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и за почиста животна средина.

Општината ги повикува сите центарци да се регистрираат на сајтот: https://winterbiketoworkday.org/ и да постираат слики со интернационалниот хаштаг #WINTERBIKETOWORKDAY и да покажеме дека велосипедот е нашиот избор.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.