mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

По цели 50 години Општина Центар ја реконструира улицата “Бигла“ на Водно

  • 7 февруари 2018
  • Број на прегледи: 426
  • 0 Коментари

По  цели 50 години, за жителите на улицата “Бигла“ на Водно калта, прашината и темниците ќе бидат минато. Улицата нема асфалт, туку некаде импровизирано е поставен бетон, а некаде е покриена со  кал.

Општина Центар ја започнува реконструкцијата на улицата која е полна со ударни дупки кои претставуваат опасност за движење на граѓаните и возилата.

Каблите на операторите висат на улицата и им пречат на жителите и минувачите.

Вистински куриозитет претставува фактот дека последен пат улицата била уредена при посетата на  Јосип Броз Тито.

Улицата “Бигла“, која се наоѓа спроти Клиничкиот центар, ќе добие нов водовод, асфалтиран коловоз со површина од 520 м квадратни , реконструирано осветлување со најнова ЛЕД технологија, а каблите на операторите ќе бидат спуштени под земја според европските стандарди.

Со ова, повеќедеценискиот проблем на жителите на “Бигла“ ќе биде решен.

Следни улици  на Водно каде општина Центар ќе ги асфалтира атмосферската канализација и коловозот  се улиците  „Караорман“, „Капиштец“ и веднаш потоа и „Рилски Конгрес“.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.