mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Средба на Богдановиќ со амбасадорот на Чешката Република, Томан

  • 2 февруари 2018
  • Број на прегледи: 248
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Мирослав Томан.

Градоначалникот и амбасадорот разменија мислења за актуелната ситуација. Богдановиќ изрази благодарност за поддршката на Чешката Република за евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Амбасадорот Томан ја нагласи заинтересираноста за поблиска соработка за унапредување на односите не само на политичко ниво, туку и во областа на културата и спортот.

И двете страни се заинтересирани за поблиска соработка меѓу граѓаните и како што посочи Томан, негов фокус е да ги запознае и зближи луѓето кои што имаат семејни, работни или образовни врски со Република Чешка, а Чешкиот јазик, луѓето и културата да ги направи препознатливи во Македонија.

Се разгледуваат можности за заеднички проекти, концерти и изложби на територијата на општина Центар. Општина Центар е заинтересирана, а амбасадорот прифати да посредува, за зближување и збратимување со општина со слични ингеренции и интереси во Чешката Република.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.