mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Поднесени три кривични пријави за бесправно градење во општина Центар

  • 22 јануари 2018
  • Број на прегледи: 251
  • 0 Коментари

Општина Центар, застапувана од градоначалникот Саша Богдановиќ, до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело, бесправно градење.

Една од програмските заложби на градоначалникот Саша Богдановиќ е и да не се дозволи незаконско градење на територијата на општина Центар.

Во текот на 2017-та година, по извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор на општина Центар и по извршен увид, констатирано е дека пријавениот О.Б. без одобрение има изградено градба со димензии 15х20 метри.

И покрај добиената наредба и изготвеното решение за отстранување на градбата, пријавениот одбива да го стори тоа, а бесправно изградената градба се уште е на истото место.

Кривична пријава за сторено кривично дело, бесправно градење, поднесена е и против Д.А., кој без одобрение за градење има изградено објект 10х10 метри; и против Р. А., за незаконски изграден објект со димензии 5,20х6,55 метри.

Општина Центар предлага ОЈО – Скопје да ги преземе сите дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба, по што против тројцата пријавени ќе спроведе кривично гонење за сторено кривично дело казниво по член 244а, став 1 од Кривичниот законик.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.