mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Одбележани 76 години од смртта на Роберт Гајдик

  • 12 јануари 2018
  • Број на прегледи: 81
  • 0 Коментари

Денеска, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, Н.Е. Мирослав Томан, Амбасадор на Република Чешка во Република Македонија, советници од општината, борци, претставници на урбаната заедница “Роберт Гајдик – Славко“ и граѓани положија цвеќе на споменикот на Роберт Гајдик.

Гајдик е роден 1923 година во ЧССР, бил борец во НОБ и живееше и работел во Македонија и бил јавно стрелан на 14 јануари, 1942. Споменикот е поставен на местото каде што Гајдик живеел.

Амбасадорот Томан изрази задоволство што се одржува традицијата на оддавање почит на големиот херој.

“За време на мојот мандат како амбасадор ќе ја одржуваме и продлабочуваме соработката. Сакам да му се заблагодарам на градоачалникот Богдановиќ, што е заинтересиран за историјата, која е многу значајна за нас“, рече Томан.

“Ние денес во името на достоинството и почитта на едно време на непокор, положивме цвеќе пред спомен обележјето на човекот и борецот кој на 19 години загинал борејќи се за слобода“, рече Богдановиќ.

Гајдик, посочи тој, ќе поставува пример и патоказ за сите идни генерации за тоа каква треба да е љубовта и пожртвуваноста во борбата за слобода.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.