mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Оглас за ангажирање на сезонски работници

  • 25 декември 2017
  • Број на прегледи: 368
  • 0 Коментари

Поради редовно одржување на чистотата и зголемен обем на работа, Општина Центар – Скопје има потреба од ангажирање на 100 сезонски работници за период од 2.1.2018 до 30.6.2018 година.

Заинтересираните кандидати треба да достават потврда за невработеност од Агенцијата за вработување, Барање за ангажирање, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка.

Документите се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 25.12.2017 до 28.12.2017 година.

Комисијата за вршење избор на ангажирани работници за одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните површини и парковите ќе ги разгледа доставените барања и ќе ги избере соодветните кандидати.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
1.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.