mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување до граѓаните, инвеститорите и операторите

  • 29 декември 2017
  • Број на прегледи: 343
  • 0 Коментари

 

Општина Центар ги известува граѓаните, инвеститорите и операторите дека ја регулира постапката за издавање на согласност при поставување реконструкција и поправка на инсталации во трупот на патот (прекопи) и патниот појас на улиците и тротоарите.

Општината ги задолжува од 3-ти јануари, 2018-та да поднесуваат барања за прекопи. Согласно донесениот правилник за утврдување на постапка и услови за издавање на согласност за прекопи и одлуката, се утврдува цена како надомест за изведба на прекопи за подземни инсталации во износ од 259,11 денари за еден метар должен.

Граѓаните, инвеститорите и операторите треба да поднесат барање до општина Центар, која дава согласност, а утврдената цена треба да се уплати пред започнување на работите на прекопот.

Согласно правилникот, инвеститорите се должни по изведените градежни работи, во рок од 10 улиците да ги вратат во првобитна состојба, минимум по 2 метри од лева и десна страна од прекопот, по цела ширина на улицата. Истите правила важат и за тротоарите.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.